Connect with us

Болоња и Јуве приредија голеада на „Ренато Дал ‘Ара“ (ВИДЕО)

Болоња имаше предност од 3-0, но Јувентус во финишот на чудесен начин стигна до израмнување. На крајот, дуелот на „Ренато Дал ‘Ара“ заврши 3-3. Тоа беше прв натпревар за „старата дама“ по отказот за Масимилијано Алегри, а тимот го водеше Паоло Монтеро.

На спротивната страна е Тијаго Мота, кој италијанските медиуми го најавуваат како нов иден тренер на Јувентус од следната сезона.

Рикардо Калафиори беше двоен стрелец за Болоња, а погоди и Сантијаго Кастро, па Болоња по неполн час игра имаше предност од 3-0.

Но, Јувентус не потклелна иако преспа поголем дел од мечот. Федерико Киеза во 76.минута го постигна првиот гол, а потоа стрелаа и Аркадиуш Милик во 83.минута и Кенан Јилдиз во 84.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови