Connect with us

Бобан Николов со Шериф ќе игра во ЛШ: Ристовски и Адеми не успеаја со Динамо

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов кој пред неколку дена го засили Шериф Тираспол, со овој тим ќе игра во групите од Лигата на шампионите. Молдавскиот претставник го елиминира Динамо Загреб на Аријан Адеми и на Стефан Ристовски откако вечерва на „Максимир“ ремизираше без голови. На првиот дуел Шериф славеше со убедливи 3-0, а Динамо вечерва немаше одговор за тоа. Хрватскиот тим ќе игра во групната фаза од Лигата на Европа.

Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар, а Аријан Адеми кој влече повреда остана на клупата за резерви.

Во групите од ЛШ оди и Салцбург, кој и во реваншот го победи Брондби со 1-2, идентично како и во Австрија. Сеско и Аронсон беа стрелци на головите.

Шахтјор Доњецк и Монако ќе играат продолженија, Монако го доби реваншот со 1-2, но имаше негатива (0-1) од првиот меч во Франција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови