Connect with us

Бобан Николов нов член на ФЦСБ

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов е нов член на ФЦСБ. Тој потпиша едногодишен договор, со опција за уште две години, доколку двете страни се задоволни од првичната соработка.
Николов го одработи и првиот тренинг под водство на тренерот на тимот, Николае Дика.


„Добредојде Бобан Николов! 28-годишниот македонски играч од средниот ред веќе го потпиша договорот и го одработи првиот тренинг под команда на стручниот штаб предводен од Николае Дика. Нашиот клуб му посакува добредојде и нека има што повеќе успеси во црвено-синиот дрес!“, се вели од клупското соопштение.

Бобан Николов беше без ангажман по заминувањето од Шериф Тираспол и поради тоа не се најде и на списокот на селекторот Благоја Милевски за мечевите против Грузија и против Бугарија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови