Ѕвездената игра на крилниот напаѓач на Аталанта, Адемола Лукман, во финалето на Лига Европа против Баер Леверкузен го привлече вниманието на Барселона, пишува каталонскиот „Спорт“. Нигериецот постигна хет-трик во победата на италијанскиот тим од 3-0.
Директорите на Барса, Деко и Бојан Киркиќ, во живо го следеа настапот на 26-годишниот фудбалер на стадионот „Авива“ во Даблин и беа импресионирани, означувајќи го како потенцијална летна трансфер цел.
Лукман имаше одлична сезона за Аталанта, а неговиот настап во финалето беше само шлаг на тортата. Има 15 голови и осум асистенции на 43 натпревари во сите натпреварувања.
Во исто време, Барселона бара квалитетни и не премногу скапи играчи за да го засили својот состав. Нигериецот има договор за уште две години и во моментов неговата цена на пазарот е околу 30 милиони евра, што би било во рамките на можностите на Каталонците. Токму поради тоа се најде на списокот на Деко за летната селекција.
Адемола Лукман е во Аталанта од 2022 година, кога беше доведен од Лајпциг. Претходно играше за Чарлтон, Евертон, Фулам и за Лестер. Крилниот напаѓач е и нигериски репрезентативец со 22 настапи и шест гола досега.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













