Connect with us

Бјелица ја дозна казната за инцидентот со Лирој Сане

Ненад Бјелица е суспендиран на три натпревари и казнет со 25.000 евра поради неспортско однесување, односно затоа што го удри крилниот напаѓач на минхенскиот клуб Лирој Сане на натпреварот меѓу Баерн и неговиот Унион Берлин (1-0) во дуел од Бундес-лигата. Бјелица за тоа доби црвен картон.


Суспензијата значи дека во следните три натпревари тој воопшто нема да биде на стадионите и во тој период не смее да стапи во директен или индиректен контакт со својот тим.

Бјелица и Унион Берлин ја прифатија пресудата и нема да се жалат, па затоа е правосилна, објави ДФБ.

„Ме турна во мојот простор и јас реагирав. Но, тоа е недозволиво, не реагирав како што треба да реагирам како тренер. Разбирам зошто добив црвен картон. Бев лут и поради тоа сум заслужено казнет“, изјави Бјелица.

Германски медиум „Кикер“ откри дека Бјелица им се извинил на своите играчи, но не и на Сане бидејќи верува дека го испровоцирал.

„Бев во својот простор, сакав да ја земам топката и да му ја дадам на Сане. Тој ме оттурна и секако реагирав. Тој дојде да ме испровоцира во мојот простор“, изјави Бјелица.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови