Менаџерот на Лидс Јунајтед, Марсело Биелса, истакна дека нема веќе да го објавува предвреме составот на Лидс Јунајтед за натпреварите од Премиер – лигата. Тој одлучи да го каже два дена однапред стартниот тим за дуелот против Вест Хем, а на крајот го загуби натпреварот.
„Се уште тврдам дека нема никакво значење ако го соопштите стартниот тим два дена однапред. Тоа нема да му донесе предност на противничкиот тим. Сепак, мојот потег беше лошо протолкуван во Англија и јас се согласив веќе да не правам така“, изјави Биелса.
Лидс Јунајтед се наоѓа на 14.позиција на табелата во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













