Англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед влезе во резултатска криза на почетокот на 2021 година. Забележа три порази во низа, два во Премиер – лигата од Брајтон и од Тотенхем, и елиминација во ФА купот од нисколигашот Кроули. На сите три натпревари тимот не успеа да постигне ниту еден гол.
Менаџерот Марсело Биелса не е задоволен и вели дека Лидс Јунајтед создава премалку шанси на последните неколку меча.
„Го загубивме флуидот во нападот. Тоа беше нашата силна карактеристика, а сега не зафати анемија при создавањето шанси пред противничкиот гол. Мислам дека проблемот е тимски, а не во индивидуалците. Родриго нема проблеми со физичката подготвеност, ниту пак Патрик Бамфорд заборави да дава голови. Зборуваме за напаѓачот кој има упатено најмногу шутеви кон противничкиот гол од сите напаѓачи во Премиер – лигата“, изјави Марсело Биелса.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













