
Комисијата за безбедност и сигурност и Одделот за безбедност и интегритет при Фудбалската федерација на Македонија, на 8 и 9 февруари, во хотел „Сириус” во Струмица го одржаа редовниот семинар со комесарите за безбедност на клубовите кои настапуваат во Прва и Втора МФЛ пред почетокот на пролетниот дел од сезоната.
На работилницата се дискутираше за различни теми кои се од големо значење за домашниот фудбал. Присутни беа и претставници на Министерсвото за внатрешни работи.

Главната тема на работилницата беше безбедноста и заштитата на интегритетот на фудбалските натпревари.
Зоран Саздов, член на Комисијата за безбедност и одделот за безбедност и интегритет;
–Целта на овој семинар е подобро меѓусебно запознавање и комуникација на комесарите на клубовите со полицијата. На обуката беа презентирани конкретните мерки и активности за организирање на фудбалски натпревар во делот на безбедноста и сигурноста пред, за и по завршување на натпреварот.
– Анализирајќи го првиот есенски дел од сезоната, можеме да заклучиме дека инцидентите во продолжението од сезоната (пролетниот дел) треба да се намалат, а инфраструктурата на стадионите да се подобри. Комесарите за безбедност требаа да имаат професионален и објективен пристап при донесувањето на своите одлуки.
– Во продолжението на сезоната, претставниците на клубовите за безбедноста треба поодговорна и попрофесионално да ги организираат натпреварите. Да поднесуваат навремено информации за натпреварот во делот на организацијата кога клубот е домаќин. Што се однесува до гостинските натпревари, навремено да достават информација до полицијата околу патуването на навивачката група и бројот на навивачи.
– Голем проблем кај комесарите за безбедност претставува и немањето на ингеренции околу донесувањето на одлуки за превземање на мерки што произлегуваат од законот и правилникот за безбедност и сигурност, посебно во делот на инфраструктура и одредување на лица што се одговорни за безбедноста за време на натпреваротиte. Комесарите за безбедност треба да ја подобраат соработката и комуникацијата со своите навивачи и своето раковоство.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски донесе триумф за Вараждин
