Маурицио Сари се смета за кандидат за преземање на Милан доколку тимот не успее да се квалификува во Лигата на шампионите под водство на Стефано Пиоли, тврди “Газета дело спорт”.
Поранешниот тренер на Наполи, Челси и на Јувентус е сè уште под договор со “бјанконерите”, но се очекува повторно да биде на кормилото на некој клуб од следната сезона. Тој постојано беше поврзуван со Рома, но на изненадување на сите, таа функција му припадна на португалскиот ас, Жозе Мурињо.
Сега, се верува дека Сари е на радар на раководството на Милан, доколку Пиоли не успее да ја помине последната пречка оваа сезона, односно да не ги одведе “росонерите” во Лигата на шампионите. Познато е дека италијанскиот стратег разговара и со Тотенхем и со Арсенал, а како негова можна дестинација се споменува и Фиорентина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













