
Шпанскиот прволигаш Бетис ќе се обиде да го ангажира офанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ентони, објавуваат шпанските медиуми. Бразилецот не е во плановите на менаџерот Рубен Аморим и може да го напушти „Олд Трафорд“ уште во јануари, доколку пристигне соодветна понуда за клубот.
Ентони заработува по 200.000 фунти неделно, а раководството на „црвените ѓаволи“ се обидува драстично да ги намали трошоците.
Сепак, проблем во преговорите може да биде фактот што Бетис сака да го ангажира Ентони на позајмица за шест месеци – опција која најверојатно нема да биде прифатлива за Јунајтед.
24-годишниот Ентони беше донесен на „Олд Трафорд“ во 2022 година за сума од 82 милиони евра од поранешниот менаџер на Јунајтед, Ерик тен Хаг.
Оваа сезона Ентони нема ниту еден натпревар како стартер во Премиер – лигата за Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Нов минималец, но и нов триумф на ПСЖ (ВИДЕО)
