Најдобриот стрелец Бесарт Ибраими ја напушта Струга Трим Лум. Тоа го потврди и напаѓачот со изјава на социјалните мрежи.
„Почитувани стружани, сакам да ве информирам дека по меѓусебен договор со раководството нема повеќе да бидам дел од Струга Трим Лум, клубот со кој испишавме историја, освојувајќи ја шампионската титула и станувајќи дел од европските натпреварувања. Благодарност до претседателот и сите останати во клубот, за нивната коректност и соработка во текот на двете години колку што бев дел од Струга Трим Љум. Овој клуб засекогаш ќе остане во моето срце“, напиша Ибраими.
Бесарт Ибраими е пред враќање во редовите на Шкендија, каде играше долг период и тим со кој исто така освои шампионски титули.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













