
Бесарт Ибраими, најдобриот стрелец во историјата на македонскиот шампионат, и Крсте Велкоски, поранешниот македонски репрезентативец, се најзвучните имиња повратници во домашниот фудбал ова лето, а во пресрет на новата сезона која стартува денеска. Ибраими го засили тимот на Струга Трим Лум, а Крсте Велкоски се врати во својот Работнички по разделбата со Сараево.
Влатко Стојановски исто така се врати, но овојпат во дресот на Шкендија, а Фахрудин Ѓурѓевиќ е најзвучното име во редовите на Македонија ЃП. Али Адем повторно е во дресот на Шкупи, а од Чаир во Струмица, во редовите на Академија Пандев се пресели напаѓачот Марко Ѓорѓиевски.
Актуелниот шампион Шкупи најмногу „пазареше“ ова лето, дојдоа и неколку странски засилувања, но и Ангелче Тимовски, Антонио Каланоски, Џелил Абдула, Пепи Ѓорѓиев, Кристијан Ацкоски. Се врати и Бесир Демири пред неколку дена, а Седлоски има на располагање и странци како Реналдо Цефас, Алберт Диене.
Се распадна Ренова, па најголем дел од фудбалерите се распоредија по прволигашките клубови. Фатјон Јусуфи замина во Струга ТЛ, Џон Еду Перез во Македонија ЃП, Борха Кордоба во Брегалница…
Штипјани исто така имаа квалитетен предоен рок, пријатно изненадување треба да биде Фаусел Касми, купија и нов голман Немања Шчекиќ, ги доведоа Иван Николов, Горан Силјановски, Александар Ристевски, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Адис Хаџановиќ, Патрик Џалто…
Силекс направи голема промена во тимот, со оглед дека се врати во прволигашка конкуренција. Тренерот Горзад Михајлов ги доби Марјан Ристовски од Работнички и Виктор Серафимовски од Ренова, Андреј Ричков од Пелистер, како и Кристијан Ефтимов и Георги Јанкулов од Борец. Стандардно, во Силекс дојде и нова „српска колонија“, Марко Маринковиќ, Филип Обадовиќ, но и Фарук Бихорац од Академија Пандев.
Новата сезона во Првата фудбалска лига стартува денеска, со натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Победа, во 17.30 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал

Евро-фудбал
Џон Дуран доаѓа на позајмица во Фенербахче

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими
