
Беса изрази незадоволство од судењето на мечот со Пелистер во Битола, со оглед дека Мирко Ивановски победничкиот гол го постигна со рака.
По мечот, Беса испрати соопштение до јавноста.
„Повторно сме должни да го изразиме нашето длабоко незадоволство од нефер односот што ни го прават судиите. И на овој натпревар, како и на минатите, се чувствуваме ограбени и еднострано оштетени. Не бараме надворешна помош, туку само правдата да се оствари и да се почитуваат правата на секој тим. Доколку ваквата ситуација опстојува, нашиот клуб ќе биде принуден да преземе дополнителни мерки, вклучително и можност за повлекување од лигата, поради повторените и намерни прекршоци кои се направени во однос на конкуренцијата и фер-плејот. Ние само бараме еднаков третман и почитување за секоја одлука донесена на теренот“, стои во соопштението на Беса.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
