Португалскиот играч за врска Бернардо Силва им се придружи на големиот број повредени играчи во таборот на европскиот и англиски шампион Манчестер Сити. Силва е веќе петтиот играч на „граѓаните“ кој испадна од тимот, заедно со Кевин де Бруин, Матео Ковачиќ, Џон Стоунс и Џек Грилиш.
„За среќа, не се работи за сериозна повреда, Силва ќе отсуствува до 10 дена“, изјави менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.
Португалецот се повреди на натпреварот од Лигата на шампионите против Црвена звезда.
„Играчите играат многу натпревари. Помалку натпревари, помалку повреди. Имавме многу натпревари во низа без одмор, едноставно така е”, додаде шпанскиот стручњак.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













