Легендарниот Тони Крос го одигра последниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“. Германскиот „снајпер“, како што го нарекуваат во Мадрид, се прости со мадридската публика која го испрати со овации, откако го одигра 464. натпревар во дресот на „кралскиот клуб“.
Крос одлучи да стави крај на кариерата додека е на врвот на својата играчка моќ, а последен меч за Реал Мадрид ќе му биде финалето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд. Потоа ќе игра и за Германија на ЕВРО 2024, по што дефинитивно ќе му каже збогум на фудбалот.
Крос освои фантастични 22 трофеи со Реал Мадрид.
Вечерашниот дуел меѓу Реал и Бетис заврши без голови. Покрај Тони Крос, од публиката во Мадрид се прости и Кепа Арзабалага, кој доби шанса да брани околу триесетина минути, откако го замени Тибо Куртоа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













