
Легендарниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони, кој неодамна замина од овој свет, бил толку голем визионер што пред дури 16 години ги предвидел денешните случувања во фудбалот.
Во разговор за „Ла7“ во далечната 2007 година, Берлускони истакнал дека италијанскиот фудбал сериозно ќе заостане зад Премиерлигата, а Саудиска Арабија ќе вложи огромни пари и дека никој нема да може да ги следи.
„Ја гледам Серија А како сѐ посиромашна и посиромашна. Сега сме на врвот, но за 15 години ќе бидеме само еден мал супермаркет за играчи. Англиската Премиерлига ќе биде број 1 и сите останати ќе бидат зад нив. Немаме средства да се бориме со нив. Тогаш Арапите ќе влезат во фудбалот и веќе никому нема да бидеме привлечни. Немаме инфраструктура и нови стадиони.
Заостанавме 30 години. Дали знаевте дека Арапите градат цели градови во пустина? Дефинитивно ќе влезат во фудбалот бидејќи тоа е најголемиот бизнис кој ти дава публицитет. Што нудиме ние?
Ако владата не даде поддршка, ние ќе бидеме трет ешалом. Во Англија, малите деца се охрабруваат да играат фудбал, а владата обезбедува средства за фудбалските академии. Тоа го прават и во Германија.
Во Италија стоиме во место. Кога зборувам за овие работи, луѓето мислат дека сум луд. Гледам во иднината и искрен сум со сите вас. И иднината на италијанското првенство е многу мрачна“, изјавил тогаш Берлускони.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора

Млади репрезентации
Ангелов: Од поразите научивме многу, од натпревар во натпревар играме подобро

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора
