Италијанскиот репрезентативец Доменико Берарди побарал од раководството на Сасуоло да биде продаден до крајот на летниот преоден рок. Тој е во преговори со Борусија Дортмунд и сака да го реализира трансферот ова лето. По заминувањето на Мануел Локатели во Јувентус, Берарди чувствува дека сега е вистинското време и тој да замине од Сасуоло.
Тој има важечки договор со Сасуоло до јуни 2024 година, а клубот бара отштета од 40 милиони евра.
„Милионерите“ се подготвени да платат 30 милиони евра и да го доведат на „Сигнал Идуна парк“.
Минатата сезона, Доменико Беради постигна 17 гола и забележа осум асистенции на 30 натпревари за Сасуоло во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













