Реал Мадрид загуби со 4-3 на „Итихад“ во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. „Граѓаните“ трипати имаа водство од два гола, но Реал успеваше да се врати. На крајот, сепак, тимот доживеа пораз, а капитенот Карим Бензема вели дека фановите ќе им бидат многу потребни на реваншот.
„Кога некој ќе влезе во мечот без самодоверба, тогаш му се случува почеток каков што имавме ние вечерва. Но, потоа се разбудивме и почнавме да играме. Загубивме, но, сепак, има реванш во Мадрид. И мислам дека навивачите ќе ни бидат најпотребни досега. Фановите треба да ни ја дадат потребната сила да се пласираме во ново финале“, изјави Карим Бензема, кој беше стрелец на два гола за „кралскиот клуб“ на вечерашниот меч.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













