Connect with us

Бензема се врати на тренинзите на Реал Мадрид

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, се врати на тренинзите на „кралскиот клуб“. Францускиот интернационалец е надвор од терените од почетокот на септември поради повреда на бутниот мускул. Тој ги пропушти последните три натпревари на клубот и средбите на репрезентацијата на Франција во Лигата на нации.


Реал ја продолжи победничката серија и без него, но Карло Анчелоти со задоволство ќе го види повторно на теренот. Бензема најверојатно ќе биде достапен за натпреварот против Осасуна в недела.


Додека Карим пропушти неколку натпревари, Роберт Левандовски се искачи на врвот на листата на стрелци во Ла Лига и сега има осум гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови