Connect with us

Бензема се врати на тренинзите на Ал-Итихад

Сагата околу Карим Бензема и Ал-Итихад се чини дека е завршена. Францускиот напаѓач се врати и продолжи со тренинзите со тимот.


Поранешниот играч на Реал Мадрид веќе неколку седмици не е со соиграчите откако беше суспендиран кон средината на јануари поради доцнење на почетокот на претсезонските тренинзи.

Тогаш поранешниот освојувач на „Златната топка“ се правдаше дека поради невреме не можел навреме да се врати од одморот во Маурициус. Тогаш стана јасно дека Бензема сака да си замине, но не успеа тоа и да го реализира. Во меѓувреме, тој исто така не беше дел од тимот на кампот во Дубаи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови