Connect with us

Бензема потпишал со Министерството на Саудиска Арабија, не смее да си замине од државата

Сагата околу продолжувањето на кариерата на Карим Бензема не завршува. Францускиот напаѓач е ни на небо ни на земја бидејќи не се појави на време на прозивката на Ал-Итихад и празниците ги помина дома.


Новиот тренер Марсело Галјардо го отстрани од тимот и не го одведе на подготовки, па јасно е дека неговата иднина во овој клуб е неизвесна. Сепак, тоа не значи дека тој нема да остане во Саудиска Арабија.

Се појавија информации дека е блиску до Манчестер Јунајтед, а како опции се споменуваа и Челси и Интер.

Меѓутоа, ако се прашува Ал Итихад, Бензема може да оди само на позајмица во друга екипа од истата лига. Многу нетипично, бидејќи клубовите обично избегнуваат позајмици за да им помогнат на директните ривали.

Сепак, одговорот е јасен ако се земе предвид фактот дека долгогодишниот напаѓач на Реал Мадрид всушност има потпишано договор со Министерството на Саудиска Арабија.

Клубот смета дека заминувањето на Бензема би имало негативно влијание врз развојот на фудбалот таму. Сепак, Французинот веројатно не би се согласил со својот клуб, бидејќи и досега немаше добра комуникација со раководството.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови