
Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема, јавно го поддржа својот поранешен соиграч, Бразилецот Винисиус Жуниор, кој изрази разочарување што не ја освои наградата „Златна топка“ за 2024 година.
Бензема, кој беше носител на престижното признание во 2022 година, објави фотографија со Винисиус и изјави дека смета дека токму тој ја заслужува наградата.
„Не сакам да зборувам за ‘Франс Фудбал’ или за Франција. Како што веќе реков, не станува збор само за оваа година — Винисиус е играч кој секогаш вложува голем труд, а не само што постигнува голови. Во Лигата на шампионите, која Реал ја освои минатата сезона, тој беше клучен во секој натпревар. Сметам дека нема друг што повеќе ја заслужува наградата од Винисиус“, коментираше Бензема во интервју за шпанското телевизиско шоу „Ел Чирингито“.
„Немам ништо против Родри, тој е одличен фудбалер, но кога седам на каучот и гледам телевизија, не гледам нешто што би ме воодушевило. А Винисиус тоа го има направено повеќепати. Тој ја заслужува ‘Златната топка’. Му пратив порака и разговаравме. Беше тажен, што е и нормално“, додаде Бензема.
„Тешко е кога сите гледаат дека ти си најдобриот, а на крајот, неколку часа пред доделувањето, ти кажуваат дека нема да победиш. Тој е добро момче и ќе продолжи да работи напорно, а еден ден ќе ја освои наградата“, заклучи францускиот фудбалер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Хулен Лопетеги е нов селектор на Катар

Евро-фудбал
Медисон: Мотивирани сме за успех во Лига Европа
