Капитенот на Реал Мадрид, Карим Бензема, ќе го пропушти саботното гостување на тимот против Хетафе, пренесуваат шпанските медиуми. Напаѓачот не учествуваше на денешниот утрински тренинг и ќе биде одморен за претстојниот натпревар.
Од клубот официјално не ја соопштуваат причината за пропуштениот тренинг, но според информациите се работи за замор на мускулите.
Сепак, се очекува Бензема да биде подготвен за гостувањето на Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите и „Ел Класико“ против Барселона следната недела.
Неодамна 35-годишниот напаѓач отсуствуваше на натпреварите против Мајорка, Лајпциг и Атлетико Мадрид, на кои, сепак, европскиот клупски шампион забележа победи. Тој минатиот викенд се врати на теренот на домашен терен со Осасуна, но промаши пенал и мечот заврши нерешено 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













