Connect with us

Бензема го пропушта и дуелот со Еспањол во Ла Лига?

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, има проблеми со повреда во пресрет на натпреварот со Еспањол во Ла Лига. Ситуацијата во „кралскиот клуб“ во моментов не е идеална, иако се блиску до пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Се мачат во домашното првенство, Барселона се оддалечи на врвот и моментно има девет бода предност.


Во моментите кога се „решава“ сезоната, Карло Анчелоти има кадровски проблеми, и тоа сериозни, ако се има предвид разликата во нападот што ја носи Карим Бензема.

Французинот без кој нападот на Реал не е ист, ќе мора да ја пропушти саботната пресметка со Еспањол, пренесуваат шпанските медиуми.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови