Connect with us

Бенјамин Демир – „моторот“ на Македонија ЃП, тајното оружје во новата сезона! (ВИДЕО)

Македонија ЃП е најпријатното изненадување во елитната домашна конкуренција, уште на стартот од сезоната издвојувајќи се како еден од најсериозните кандидати за повторен излез на европската сцена. Сето тоа благодарение на позитивните изданија во континуитет на тимот како целина, иако е јасно дека веќе се издвојуваат и поединци во фокусот кои го носат товарот на играта на „лавовите“.

Без сомнение, 23-годишниот крилен офанзивец Бенјамин Демир со игрите сезонава веќе сериозно се наметна и како една од централните фигури на домашната прволигашка сцена. Поранешниот младински репрезентативец е еден од носителите на играта на Македонија ЃП која со максимално високи амбиции го минува актуелниот шампионат…

„Македонија ЃП веќе потврдува дека повторно е повеќе од значаен фактор во Првата лига, тим кој знае што сака и од организациски и од играчки аспект. Но, воопшто не се преоптоваруваме со финишот од сезоната затоа што има уште многу да се игра. Нашите погледи се насочени кон секој следен натпревар. Одиме од противник на противник водени од желбата за позитивен резултат буквално против секого“ – вели Демир.

„Лавовите“ се досега единствениот тим кој успеа да го совлада Вардар по десет кола. Бенјамин Демир, пак, ужива огромна доверба кај шефот на стручниот штаб Александар Таневски. Еден е од шест фудбалери кои беа стартери на сите десет натпревари сезонава притоа издвојувајќи се и како трет на листата со најголема минутажа. Втор стрелец е во тимот со два погодоци, зад Боби Божиновски кој има четири погодоци, но и во Топ 10 најдобри асистенти во лигата, вистински креатор на поголемиот дел од офанзивните акции на тимот…

„Јас сум тука да бидам најдобар што знам и умеам единствено во функција на тимот. Секако, задоволство за секој фудбалер се индивидуалните показатели но за мене, искрено, единствено важно е само Македонија ЃП да реди позитивни резултати“ – истакнува Бенјамин Демир.

А, Веќе утре, во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига, Македонија ЃП ја очекува новиот дерби предизвик за потврди на досегашните позитивни резултати, против Академија Пандев во Струмица.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови