
Бенфика покажува интерес за крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати. Португалскиот гигант веќе стапил во контакт со Каталонците за да започнат преговори за евентуален трансфер.
На „Луж“ бараат замена за Давид Нерес, кој се очекува да замине во Наполи. Поради тоа, клубот решил да го насочи вниманието кон Фати.
21-годишниот фудбалер е продукт на „Ла Масија“ и дебитираше во првиот тим на Барса на само 16 години. Тој беше сметан за талент со огромна иднина, но сериозните и чести повреди го спречија во неговиот развој, а минатата сезона Барселона го испрати на заем во Брајтон. Сепак, таму Шпанецот не успеа да го покаже најдоброто од себе и беше вратен на „Камп Ноу“.
Сега Барселона повторно бара купувач за Фати, а евентуална понуда од Бенфика би била добредојдена. Ова е уште поважно бидејќи клубот итно треба да се раздели со неколку играчи за да го балансира својот буџет и да може да ги регистрира новите засилувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Монако го претстави Пол Погба

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион

Евро-фудбал
Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)
