Connect with us

Бенџамин Менди судски ќе си ги бара платите од Манчестер Сити

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Сити, Бенџамин Менди, има намера да побара парична отштета од „граѓаните“ за неговото отстранување од тимот при разгледувањето на случајот за силување против него, пренесува „Л’Екип“. Во овој период освен што не можел целосно да тренира и во еден момент бил приведен, му била замрзната и платата.


Менди сега ќе се обиде да врати дел од недобиените средства.

На 14 јули, Бенџамин Менди беше ослободен од сите обвиненија во случајот за силување. Пет дена подоцна, на 19 јули, Лориен го објави потписот на играчот, кој не стапнал на професионалниот терен повеќе од две години.

Договорот на 29-годишниот Французин со тимот од Лига 1 е до 2025 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови