
Една добра сезона во Чемпионшип со Лидс беше доволна Бен Вајт да заслужи трансфер во првиот тим на Брајтон, а по само една година стана англиски репрезентативец и сега е на чекор од трансферот на кариерата во Арсенал.
Арсенал и Брајтон се договориле за обештетување во износ од 58 милиони евра, што го прави Вајт петти најскап стопер на сите времиња зад Мегваер, Ван Дајк, Дијаз и Лапорт.
Вајт во Арсенал го чека годишна плата од 7.300.000 евра, со договор до 2025 година. Тоа се околу 140.000 евра на неделно ниво.
И можеби за денешните фудбалски услови, плата од 7.300.000 евра не е „бомба“, но за Бен Вајт секако е. Особено ако се земе во предвид дека досега играше во Брајтон.
Вајт ќе заработи повеќе од годишната плата во Брајтон за само три недели во Арсенал! Имено, Вајт заработи само 400.000 евра во клубот од југот на Островот и беше последниот на платниот список заедно со Арон Коноли. Ова значи дека Вајт во Арсенал ќе има 18 пати поголема плата од заработената во Брајтон!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
