Италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти (30) се пресели во Фиорентина на позајмица, објави тосканскиот клуб кој нема обврска да купува по завршување на сезоната.
Белоти, кој со Италија го освои европскиот шампионат во 2021 година, дојде во Рома во 2022 година од Торино. Оттогаш за римскиот клуб одигра 44 натпревари и постигна 12 гола.
Оваа сезона напаѓачот имаше мала минутажа во Рома, на последните 11 првенствени натпревари седум пати остана на клупата.
Со преселбата во Фиорентина во пресрет на Европското првенство сака да игра повеќе и со тоа да го привлече вниманието на селекторот.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













