Нема договор помеѓу Белоти и Торино и капитенот на тимот би можел да го напушти клубот за неверојатно мала сума од само 5 милиони евра во зимскиот преоден рок. Ова ги шокираше фановите на Торино, но неговиот договор истекува на крајот од сезоната и јасно е дека тогаш би заминал како слободен агент.
Пред само три сезони, Торино одби 70 милиони од Милан за Белоти, а заинтересиран беше и Тотенхем, но италијанскиот клуб побара отштета од 100 милиони евра.
Ова лето напаѓачот беше на чекор до Интер, но, сепак, трансферот не се реализираше, а заинтересирана беше и Рома со Жозе Мурињо. Но, тие си обезбедија нови напаѓачи, а фановите на Торино стравуваат дека Белоти сега би можел да се пресели кај омразениот градски ривал Јувентус и тоа за само 5 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal