Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, би можел да се подложи на операција на рамото по финалето на Европското првенство во Германија, пишува „Релево“. Ако дојде до хируршка интервенција, заздравувањето на играчот од средниот ред ќе трае најмалку два месеци.
Според информациите, Белингам сè уште чувствува болки по луксацијата на рамото, која ја претрпе минатиот ноември во натпревар од Ла Лига против Рајо Валјекано. Тогаш исто така се разгледуваше опција за хируршка интервенција, но беше избрано конзервативно лекување.
Поради непријатноста што ја чувствува, Белингам игра на ЕВРО 2024 со инјекции за болка и користи протектор за да се избегне влошување на повредата. Следната недела англискиот репрезентативец ќе помине детални медицински прегледи, по кои Реал Мадрид ќе донесе одлука за евентуална операција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













