Connect with us

Белгија промашуваше, Словачка стигна до шокантен триумф (ВИДЕО)

Словачка направи големо изненадување во Франкфурт откако ја совлада Белгија со 1-0. Избраниците на Тедеско важеа за големи фаворити, но не успеаја тоа да го оправдаат на теренот.

Белгијците промашуваа, а Словачка тоа знаеше да го искористи. Иван Шранц во седмата минута постигна гол за водство на Словаците.

Белгија продолжи да бара израмнување, посебно притисна во вториот дел, кога на Ромелу Лукаку не му беа признати два гола по ВАР проверка, а неверојатна шанса имаше и Бакајоко, а Словаците расчистија на гол-линијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови