
Струмичкиот клуб Беласица денеска го слави јубилејниот стоти роденден, во пресрет на почетокот на новата сезона во која ќе се натпреварува во Втората фудбалска лига. По повод големиот јубилеј, денес со почеток од 19:45 часот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, ФК Беласица организира настан чија агенда ќе содржи низа забавни содржини, а централното збиднување ќе биде фудбалскиот натпревар меѓу Беласица и Брегалница од Штип.

Во август 1922 година во кафеаната на Ташо Тодоров, на улицата која води до православната црква „Св. Кирил и Методиј“ се собраа педесетина иницијатори и на основачко собрание беше формиран фудбалскиот клуб Беласица. Голем број фудбалери од овој подмладок за кратко време станаа костур на сениорската екипа на Беласица, која веќе во 1953 година, преку успешните квалификации со прваците од останатите фудбалски зони, се избори струмичкиот фудбалски првенец да стане член на Македонската фудбалска лига.

По осамостојувањето на Македонија, во 1991 година, Беласица директно се вклучи во Првата фудбалска лига, каде што во борбата за највисок пласман најголеми конкуренти беа скопски Вардар, прилепска Победа и Силекс од Кратово. Денес струмичани се дел од Втората македонска фудбалска лига.

Овој клуб може да се гордее со голем број легендарни фудбалски имиња, Истатов, Андреев, Пандев, Стојков, браќата Попови, Масев, Мазнов…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
