Македонскиот второлигаш Беласица се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб Шефки Арифовски. Неговото место ќе го заземе досегашниот асистент и поранешен играч на клубот, Благој Гуцев.
„По вчерашниот спогодбен раскин на соработката помеѓу ФК Беласица и Арифовски Шефки, за нов шеф на стручниот штаб е поставен доскорешниот помошен тренер и поранешниот фудбалер кој е дете на школата на ФК Беласица, Гуцев Благој. Благодарност до Арифовски за соработката, а на Гуцев му посакуваме среќна и успешна сезона!“, се вели во соопштението на Беласица.
Интересно е дека разделбата со Шефки Арифовски доаѓа по победата на Беласица над Беса со 1-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













