Македонскиот фудбалски клуб Беласица го прослави големиот јубилеј, сто години постоење, откако вечерва на стадионот „Благој Истатов“ одигра пријателски натпревар против Брегалница. Свечената церемонија ја збогати и присуството на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, кој доби специјална плакета во оваа пригода.

„Сите заедно треба да ја чуваме Беласица. Чест ми е што сум денеска тука“, изјави Горан Пандев.

Имаше и културно-уметничка програма, а последен дел од манифестацијата беше пријателскиот меч меѓу Беласица и Брегалница кој му припадна на прволигашот со триумф од 1-2.

Радојчиќ во четвртата минута донесе водство за Беласица, а израмни Додев во 23. минута. Победничкиот гол беше дело на Марселин Галдо Биала, фудбалер кој е на проба во Брегалница. Тој постигна убав погодок со шут од далечина во 73.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













