Некогашните големи ривали Беласица и Вардар во ново потсетување за нивните славни поранешни дерби пресметки, овој пат во 22. коло од Првата македонска фудбалска лига денеска од 14 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.
Во третата сезонска средба, двата тима со желба конечно да стигнат и до победа. По двете ремија со идентични 1-1 од есенскиот дел, сега отворени се најавите од двете страни за безусловен обид за освојување на три бода. Сосема е јасно дека триумфот е неопходен и за двете екипи. Беласица ја чека жестока битка за опстанок, а Вардар, пак, мора во континуитет да освојува бодови доколку сака да ја продолжи трката за водечките две позиции на табелата.
„Црвено-црните“ триумф во Струмица немаат од декември 2005 година кога славеа со 0-2, иако јасно е дека од 2007 година па се до оваа сезона и немаа меѓусебни средби поради нисколигашкиот статус на струмичани. Есенскиот дуел на „Младост“ заврши без победник, 1-1. Тогаш Евгениј Новак погоди за водство на Вардар во 47. минута, а Балдовалиев во 58. минута ги постави конечните 1-1.
ПМФЛ – 22. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Струмица: БЕЛАСИЦА – ВАРДАР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ
Тетово: РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП
Кратово: СИЛЕКС – ПОБЕДА
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













