Македонскиот првак Шкендија утревечер (21 часот) на Арената Тодор Проески го игра натпреварот против Јагиелонија од групната фаза во Конференциската лига.
Тренерот Јетон Беќири верува дека неговиот тим може да стигне до позитивен резултат, иако вели дека Јагиелонија е умерен фаворит на дуелот.
“Го анализиравме противникот. Јагиелонија е силен тим кој доаѓа од првенството на Полска, можеби се мали фаворити на хартија, меѓутоа ние по традиција играме добро на Арената во Скопје. Веруваме дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат. Мислам дека Јагиелонија е и поквалитетен ривал од Шелбурн, според карактеристиките имаат поголеми сличности со Шкендија, па ќе се потрудиме да извлечеме максимум и од овој меч”, изјави Јетон Беќири.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













