
Дејвид Бекам бара играчи кои дополнително би го подобриле квалитетот на Интер Мајами, а изборот падна на Хамес Родригез, поранешниот играч од средниот ред на Реал и Баерн, а сега член на катарскиот Ал-Рајан.
Колумбискиот репрезентативец беше виден во Мајами и почнаа приказните.
Според медиумите, Бекам е подготвен да му понуди на Хамес Родригез околу 7,5 милиони долари по сезона и со тоа да го направи најплатен играч во франшизата.
Интер Мајами минатата сезона не успеа да се пласира во плејофот, а годинава е на 12. место на листата од 14 клубови од Источната конференција. Во девет натпревари забележа три победи, едно реми и пет порази.
Пред заминувањето во Катар, Родригез беше играч на Реал, Баерн и на Евертон, а во текот на кариерата настапуваше и за Енвигадо, Банфилд, Порто и за Монако.
Неговиот трансфер од Порто во Монако беше 45 милиони евра, а една година подоцна, откако беше светски хит и најдобар стрелец, беше продаден на Реал Мадрид за 80 милиони евра, тогаш четврти најголем трансфер во историјата на фудбалот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski