Connect with us

Бекам чекал 12 часа во ред за да и оддаде почит на Кралицата Елизабета (ВИДЕО)

Дејвид Бекам е еден од најдобрите англиски фудбалери на сите времиња. Иако одамна ја заврши кариерата, 47-годишниот Бекам се уште е популарен ширум светот и е еден од најбогатите поранешни фудбалери.


Сепак, иако е светски познат со многу погодности во животот, тој реши да застане на линија со обичниот народ за да и оддаде почит на покојната британска кралица Елизабета Втора.


Бекам трпеливо чекаше во ред за да и се поклони на кралицата. Тој стоеше со другите луѓе цели 12 часа.


Бекам даде кратка изјава за „BBC News“. Тој изрази големо жалење за смртта на кралицата.


„Деновите како овој секогаш ќе бидат тешки за целата наша нација, но и за целиот свет. Верувам дека сите го чувствуваат тоа. Нашите мисли се со семејството“.


Не му пречеше што треба да чека ред како и сите други.


„Посебна чест е да се биде овде и да се слушаат различни приказни од различни луѓе. Јас сум голем обожавател на кралското семејство, ми беше чест кога го добив Орденот на Британската империја. Имав чест да разговарам со нејзиното височество и поставив одредени прашања“, изјави Бекам.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови