Шкендија е подготвена за предизвикот во Ерменија и се надева на нов триумф против Арарат. Ова ќе биде втор дуел на двата тима откако пред една седмица Шкендија славеше со 2-0 во Скопје.
Пред новиот предизвик, на прес – конференцијата зборуваше капитенот Егзон Бејтулаи.
„Комплетно сме подготвени за утрешниот натпреварот со Арарат. Верувам дека сите ќе го дадеме максимумот и ќе оствариме позитивен резултат. Шкендија секогаш игра на победа и сака позитивен резултат во европските натпреварувања. Минатата година ја оставаме зад нас и се надеваме дека оваа година ќе ги повториме времињата кога во Скопје донесовме големи европски клубови. Мислам дека сме подготвени за ова“, изјави Бејтулаи.
Натпреварот Арарат – Шкендија се игра утре, со почеток во 17 часот, на стадионот во Ереван.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













