Велшкиот интернационалец Герет Бејл заигра како што умее и со последните игри во дресот на Тотенхем го убеди раководството на клубот дека може да биде значаен фактор во тимот. Менаџерот Жозе Мурињо и челниците на клубот сега размислуваат и комплетно да го откупат договорот на Велшанецот.
Бејл имаше лош камбек во Тотенхем, но на последните неколку натпревари ги покажа вистинските квалитети. На последниот меч од Премиер – лигата против Барнли даде два гола и имаше една асистенција.
Бејл има уште една година од договорот со Реал Мадрид, но „кралскиот клуб“ сака да се ослободи од него и по можност да го продаде претстојното лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













