
Фудбалската репрезентација на Македонија би можела дебитира на Европско првенство во Англија. Ова го тврди еден од највлијателните спортски ТВ канали „Беин Спортс“ истакнувајќи дека многу е веројатно комплетниот шампионат да биде одигран на Островот. Ова поради пандемијата на коронавирусот и одличната инфраструктура што може да ја понуди Англија за комплетното Европско првенство да се одигра во една земја.
Како што е познато, ЕВРО 2020 треба(ше) според планот да се игра во 12 градови од различни земји, а Македонија е планирано да игра во Букурешт (против Австрија и против Украина) и во Амстердам (против Холандија).
Сепак, „Беин Спортс“ тврди дека УЕФА сериозно ја разгледува можноста во последен момент да го промени начинот на организацијата на ова Европско првенство и да го додели на само една земја – Англија. Конечната одлука треба официјално да биде соопштена во средината на април. Оваа информација доаѓа од телевизиски канал кој ги поседува ТВ правата за преноси од шампионатот на територијата на Франција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Арсими го доведе и Башким Велија

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими
