Connect with us

Бас Дост колабираше на теренот, за среќа, сѐ добро се заврши (ВИДЕО)

Натпреварот од десеттото коло во холандскиот шампионат меѓу АЗ Алкмар и НЕК Нијмеген беше прекинат во 90. минута откако на теренот колабираше гостинскиот напаѓач Бас Дост (34).


Поранешниот холандски репрезентативец колабираше по спринт во 90. минута. Лекарите веднаш излегоа на теренот, беше донесен и дефибрилатор, но не е јасно дали мораше да се користи. По неколку минути на играчите и на навивачите им олесна кога напаѓачот се освести.

Холандскиот „Де Телеграф“ објави дека Дост накратко ги кренал рацете во воздух додека бил изнесен од теренот на носилки. Со возило на итна помош тој е пренесен во локалната болница.
Директорот на НЕК Нијмеген, Вилко ван Шаик, пред камерите на ЕСПН изјави дека Дост им се обратил на соиграчите во соблекувалната.

„Прво не знаевме што се случило, но за среќа кога Бас влезе веднаш видовме дека е свесен. Тогаш таткото на Бас веднаш ја повикал и сопругата за да ја увери. За среќа, во Холандија сме добро подготвени за такви ситуации, тоа спасува животи“, изјави Ван Шаик.

Дост летово пристигна во НЕК НИјмеген, а претходно играше за Утрехт, Клуб Бриж, Ајнтрахт, Спортинг, Волфсбург, Херенвен, Хераклес и Емен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови