Фудбалерите на Барселона синоќа го освоија Суперкупот на Шпанија, а каталонскиот клуб инкасираше околу девет милиони евра со овој триумф.
Долго време е познато дека Барселона се соочува со финансиски проблеми, па оваа заработка ќе биде значаен приход за клубот.
Реал Мадрид, како финалист на Суперкупот, заработи седум милиони евра.
На Ел Класико кое се одигра во Саудиска Арабија, Реал поведе прв, но Барселона уште до полувремето постигна четири гола против својот најголем ривал.
Каталонците во второто полувреме само ја потврдија победата со конечни 5-2, иако од 57. минута играа со играч помалку поради исклучувањето на голманот Војчех Шчешни.
Тимот на Ханси Флик исто така го декласираше тимот на Карло Анчелоти и на првото Ел Класико оваа сезона, кога натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ заврши со убедливи 0-4.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













