Барселона планира нова офанзива кон одличниот фудбалер за врска на Манчестер Сити, Бернардо Силва. Според каталонскиот„Спорт“, клубот ќе може да си дозволи да донесе уште едно големо име во декември.
На „Камп Ноу“ ќе имаат слободни средства поради разделбата со Жерар Пике, кој денеска ќе го одигра последниот меч во кариерата. Повлекувањето на Пике за Барса ќе заштеди дури 52 милиони евра.
Бернардо Силва веќе подолго време е трансферна цел на Барселона. Каталонците пред почетокот на сезоната инвестираа во други играчи, но го задржаа интересот за португалскиот интернационалец. Тренерот Чави Хернандез смета дека токму Бернардо Силва е алката што недостига во неговиот мозаик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













