
Каталонскиот гигант Барселона и покрај финансиските проблеми, продолжува да мечтае за уште еден голем трансфер ова лето. Жоан Лапорта успеа да го купи Дани Олмо, но не и Нико Вилијамс, кој реши да остане во Атлетик Билбао, па сега вниманието е насочено кон Рафаел Леао од Милан.
Раководството на Барселона смета дека Португалецот би бил идеално засилување за офанзивниот дел од тимот и подготвува понуда од 90 милиони евра. Но, овој трансфер ќе биде исклучително тежок за реализација ако се знае дека Рафаел Леао има договор со Милан до 2028 година.
Од друга страна, Барселона и овој преоден рок има проблеми со регистрација на новите проблеми, токму поради строгите финансиски правила на Ла Лига кои бараат секој клуб да има максимално покритие за платите на фудбалерите од сениорскиот тим.
Во моментот, најголем проблем на Барса е Клемен Ленгле, кој има огромна плата, а сѐ уште нема пронајдено клуб каде ќе игра во новата сезона и засега товарот паѓа на грбот на каталонскиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
