
Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо доби официјална понуда од Барселона за трансфер од Лајпциг на „Камп Ноу“. Според “Мундо Депортиво”, оваа понуда во писмена форма стигнала до агентите на Олмо и според неа, Барселона треба да плати околу 60 милиони евра на германскиот клуб, а на Олмо му е понуден шестгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на шпанската репрезентација на Европското првенство има договор со Лајпциг до крајот на сезоната 2026/27. Во тој договор постои клаузула според која може да замине порано доколку друг заинтересиран клуб ја активира со банкарски гаранции во износ од 60 милиони евра. Рокот за активација на оваа клаузула истекува денес, по што играчот кој на ЕВРО 2024 постигна три гола и подели две асистенции, би требало да чини многу повеќе.
Важно за Барселона, како и за другите заинтересирани клубови, е дека Олмо и неговите агенти успеале да го убедат Лајпциг да го задржи износот од 60 милиони евра потребни за неговиот трансфер уште неколку недели.
За да остане во рамките на финансискиот фер-плеј, Барселона му нуди на Олмо договор на шест сезони, според кој првите две години би заработувал нешто помалку, а од третата година би добил зголемување на платата. Истото го направија и кога ги договараа трансферите на Роберт Левандовски и на Илкај Гундоган.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
