Шпанскиот гигант Барселона е заинтересиран за играчот од средниот ред на Наполи, Станислав Лоботка. Веста ја потврди и агентот на фудбалерот. Тој откри дека имал дури и прелиминарни разговори со директорот на „каталонците“, Деко.
Барселона на лето ќе излезе на пазарот во потрага по нов дефанзивен играч за врска, а останатите имиња кои се поврзуваат со трансфер во шпанскиот клуб се и Амаду Онана, Џошуа Кимих и Матс Вифер.
„Веќе разговаравме со Деко на оваа тема, Барселона може да го привлече, но претходно треба да се случат многу други работи“, изјави за „Мундо Депортиво“ агентот на Лоботка.
Тренерот Чави Хернандез пред натпреварите меѓу Барселона и Наполи во Лигата на шампионите ласкаво зборуваше за квалитетите на Лоботка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













