
Напаѓачот на Интер Мајами и аргентинската репрезентација, Лионел Меси, може да се врати во Барселона пред Светското првенство во 2026 година, објавi шпанскиот портал „GolDigital“.
Договорот на напаѓачот со клубот од МЛС лигата истекува на 31 декември 2025 година, кога тој ќе има 39 години. Потоа, Меси може да го напушти Мајами и да прејде во Барселона како слободен агент за подобро да се подготви за последното светско првенство во неговата кариера.
Се тврди дека оваа можност е лично поддржана од претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта.
Меси е поранешен играч на Барселона и играше за клубот од 2004 до 2021 година. Тој одигра 778 натпревари за клубот, постигна 672 голови и направи 303 асистенции. Со каталонците, Аргентинецот стана десеткратен шампион на Шпанија и четирикратен освојувач на Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски
