
Каталонскиот гигант Барселона потврди дека нов договор потпиша Марк Бернал.
Станува збор за дефанзивен играч од средниот ред, роден во 2007 година, кој ова лето се истакна за време на претсезоната под водство на Ханси Флик, но за жал, заработи тешка повреда на коленото поради која ќе паузира една година.
Барселона одлучи да му понуди нов договор за да му укаже максимална доверба за време на долгиот процес на рехабилитација.
Како што е потврдено во соопштението, Бернал потпиша договор до јуни 2026 година, но тој автоматски ќе биде продолжен до 2029 година, кога ќе се исполнат одредени услови.
Исто така, Барселона постави недостижна откупна клаузула која ќе изнесува дури 500 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
